L'affichage correct de cette page nécessite qu'une police répondant à la norme Unicode (Arial Unicode MS par exemple) soit installée sur votre ordinateur.

ЗЛАТЕН ЗБОР '96

НАШИТЕ "ФРАНЦУЗИ" НАЈДОБРИ


За љубовта кон
зборовите
Страста за ефикасна
акција
Иднинатана секоја
култура

Некои велат: човекот е тол­ку богат на колку што јазици може да зборува со останатиот свет. И навистина, познавањето на странските јазици е она што може вистински да го исполни човекот, овозможувајќи му да контактира со различни култури, нации и религии. Познавањето на странски јазици може да вн го разубави денот, обичната средба со непознатиот да ви ја направи необична и интересна, таинстпените погледи со девојката (момчето) од др­уга земја да ги претвори во љубов, а во деловните води да ви помогне да испливате и да дојдете до големи пари.

За многумина францускиот јазик е јазик на љубовта и прекрасните шансони на Ив Монтан, Едмт Пиав и другн. Но, истовремено, францускнот јазик е и јазик на бизнисот, деловноста и парите. Впрочем, тој е јазик што се зборува во високоразвиените земји, како Франција, Белгија, Швајцарија и други. Но, тој е и јазик што, според наставната програма, се изучува две студентски години на Економскиот факултет во Скопје. Изучувањето на деловниот француски јазик на студентите може широко да им ги отвори хоризонтитс на деловниот свет во западните скономии, инаку, многу поразличен од нашиот.

За студентите кои имаат солидни познавања од францускнот јазик натпреварот "Златен збор 1996" бете убава можност за тестирање на нивното навлегување во водите на деловниот француски јазик. Натпр­еварот се одржа на 19. март 1996 година, а речултатнте официјално беа истакнати на промоцнјата во просторните на Францускиот културен центар во Скопје на 13. ноември оваа година. На натпреварот зедоа учестпо студентите од Економскиот факултет во Сконје, Економскнот факултет во Прилеп и Факу-лтетот ча туризам и царнна во Охрид. Во што, всушност, се состои овој натпревар? Тој претставува те­ст што се состои од четнри дела. Првиот дел опфаќа пишуваьье на збор или израз од деловниот јазик, чија дефиниција е дадсна. Во вториот дел треба да се заменат француеките или француско-англиските зборови со нивните еквиваленти. Во третиот дел им се остава мо­жност на студентите да создадат, односно предложат некој нов збор или израз, што се однесува на даден текст, а во четвртиот дел треба да дојде до израз инвентивноста и креативноста на студентите преку елаборираже на сопствената претпр-иемачка идеја. Студентите го полагаа тестот на 19. март оваа година во еден од амфитеатрите на Еконо­мскиот факултет во Скопје, во тивка и пријатна атмосфера, со чаша иус, за да се освежат испитаниците, со цел полагањето да се наирави средба на високо академско ниво.

По речиси осум месеци (на 13. ноември 1996 год.) се одржа промоцијата на наградените и соопштувањето на резултатите. Место: Фр­анцуски културен центар. Време: 15 часот. Покрај вработените во Францускиот културен центар, на промоцијата присуствуваа и аташето за култура и лингвистика во Француската амбасада, г-дин Жан Пол Батис, професорот по француски јазик на Економскиот факултет во Скопје, д-р Љубиша Монев, и фран­цускиот амбасадор во Република Македонија г-дин Жак Унцингер и продеканот за настава на Економ­скиот факултет во Скопје проф. д-р Рисго Христов. Аташето за култура и лингвистика Жан Пол Батис им ги врачи наградите на учесниците на овој натпревар, во зависност од пласманот на секој студент. Сето тоа беше проследено со аплауз, а на крајот, по коктелот беше направена и заедничка фотографија со уч­есниците од Економскиот факултет во Скопје, кои на овој натпревар покажаа навистина извонредни резултати. Имено, првите четири ме­ста им припаднаа на студентите од овој факултет.

Првото место  го освои   Ѓорги Ангелов, кој се здоби со правото да учествува на официјалната промоција на наградените од сите земји, во Париз на 21. ноември оваа година. Второто место го зазеде Сашо Ташевски. Третопласирана беше Анета Наумовска, а четвртото место го освой Зоран Арсов.

Проф. д-р Лэубиша Монев на промощфта истакна: Им се заблаго-дарувам на господинот амбасадор, на Францускиот културен центар и на господинот Батис за успешната организащф и реализация на натпреварот. Ова беше прилика студентите од нашиот факултет по втор пат да учествуваат на овој натпре-вар и да ги искажат споите знаења во доменот на деловниот француски јазнк. Сите ние, професорите по француски јазик, значењето на ов-ој натпревар треба да го истакнеме и пред компетентните, кога се расправа за вакви прашања. Морам да истакнам дека откако Македонија стана независна и суверена држава, кај нас се чувствува една поволна клима за изучување на францускиотјазик, а резултатите се евидентни што, впрочем, го потврди и овој натпревар. Тоа е патот по кој треба да одиме ние професорите по така убавиот францускијазик, при што тр­еба да ги вложиме сите напори францускиот јазик да го заземе местото што му припага и му прилагало уште многу одамна".

Аташето за култура и лингвистика во Француската амбасада г-д-ин Жан Пол Батис истакна: "Целта на овој натпревар е да ги фаворизира студентите кои најдобро го познаваат деловниот француски јазик. Тоа е натпревар што се поврзува со празникот на франкофонијата - 22. март, во кој учествуваат студентите кои студираат економија. На пример, во Македонија тоа се трите факултети: Економскиот факултет од Скопје, Економскиот факултет од Прилеп и Факултетот за туризам и царина од Охрид.

На овие натпревари досега земале учество 204.654 кандидати од категоријата ученици и студента од 25 земји. Минатата година, кога за прв пат се одржа ваков натпревар во Македонија, имаше 30 учесници, а во вкупното натпреварување учествуваа 13 земји.

Јас се надевам дека во иднина ќе има уште повеќе учесници. И ланскиот и овогодишниот натпревар беа изведени на многу високо ниво. Победникот во Македонија, на пример, имаше освоено повеќе бодови од победникот во Бугарија. Нашиот интерес во обој натпревар е да се откријат млади кадри кои би можеле да работат во француските фирми во Македонија, како и вклучување на француските фирми "Рено", "Ситроен" и други. Целта ни е да ги откриеме новите македонски таленти, кои очигледно се овие уч­есници, кои добро владеат со економијата и со францускиот јазик и кои ќе работат за француските претпријатија во Македонија;".

AU REVOIR до следниот натпревар. Зоран Арсов

Sur la photo, de droite à gauche :
M. Risto HRISTOV, vice-Doyen de la Faculté d'économie
M. Ljubisa MONEV, Professeur de français à la Faculté
M. Gorgi ANGELOV, Lauréat
M. Yves BERTRAND, Directeur du Centre culturel français
M. Jacques HUNTZINGER, Ambassadeur de France en Macédoine
M. Jean-Paul BATISSE, Attaché culturel

Sommaire des articles de presse de 1996
Sommaire de la revue de presse
Sommaire du Mot d'Or
Sommaire général