L'affichage correct de cette page nécessite qu'une police répondant à la norme Unicode (Arial Unicode MS par exemple) soit installée sur votre ordinateur.
ГЕВГЕЛИЧАНИ И ОВАА ГОДИНА ПОБЕДНИЦИ ВО ЗНАЕЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ЈАЗИК
Да ги запознаеме машите читатели со манифестацијата "Златен збор"! Колку години по ред се одржува во Македонија?
БАТИС: Манифестацијата "Златен збор" е една од манифестациите која, исто така, е поврзана со франкофонијата. Се работи за еден натпревар на студенти по економија и француски јазик, односно деловен француски јазик, и треба да се каже дека натпреварот се одржува на француски и на македонски јазик, а во Македонија се одржува втора година и е доста интересно да се сломене дека победникот и оваа година е од Гевгелија .
На овогодишниот натпревар имаше 30 учесници и тоа од Екокомскиот и Филолошкиот факултет одСкопје, факултетот за туризам, угостителство и царина од Охрид како и од Економскиот факултет од Прилеп.
Организираниот натпревар има за цел чистење на фраицускиот и македонскиот јазик од странски елементи. За таа цел планираме и еден речник на економска терминологија кој содржи 700 зборови, кој веке е издаден на 20 светски јазици, а сега се очекува изданието на македонски.
Целта на самиот натпревар е тесно поврзана со мојата мисија во Македонија, а
тоа е чистенье на македонскиот и францускиот јазик од туѓи влијанија. Самиот натпревар се состои од четири дела:
Првиот дел од натпреварот се состои од дефиниција на француски на еден економски концепт и треба да се најде зборот на француски или на македонски.
Вториот дел се состои од еден збор од деловен француски на кој треба да му се даде превод на македонски.
Во третиот дел треба да се измислат нови зборови на македонски и француски јазих за нови економски концепти.
Четвртиот дел се состои од предлог за нов проект од економијата проект за претпријатие. Во овој дел битно е да ги охрабриме студентите по економија да имаат нови идеи во приватниот бизнис.
Натпреварот е под покровителство на Делегацијата за француски јазик при францускиот премиер, асоцијацијата за промоција на деловен француски јазик и некои приватни фирми од Франција.
ЭЛИТЕН ЗБОР
Наградите од натпреварот " Знатен збор " беа доделени на 13 ноември во просториите на Францускиот културен центар на кој присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија господинот Жак Ајнцингер како и добитниците на наградите со нивните професори. Единствено на свеченото доделување отсуствуваа победниците од Економскиот факултет од Прилеп.
Добитници на наградите се:
Ѓорги Ангелов (Економски факултет од Скопје) од Гевгелија;
Сашо Ташевски (Економски Факултет од Скопје) од Скопје;
Анета Наумовска (Економски факултет од Скопје) од Скопје;
Зоран Арсов (Економски факултет од Скопје) од Кочани;
Трајче Недев (Факултет за ТУ од Охрид) од Кавадарци;
Го делат: Димитар Николовски (Економски Факултет од Прилеп) од Прилеп и Вита Ангеловска (Филолошки факултет од Скопје) од Скопје;
Анета Трајковска (Филилошки факултет од Скопје) од Скопје;
Ирена Раловска (Филолошки факултет од Скопје) од Скопје;
Зоран Јовановски (Филолошки факултет од Скопје) од Скопје.
(МАКЕДОНСКО СОНЦЕ, 27.11.1996)Sommaire des articles de presse de 1996
Sommaire de la revue de presse
Sommaire du Mot d'Or
Sommaire général